Оливија Вајлд откри дали Хари Стајлс плукна колега на премиера на филм

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката и режисерка Оливија Вајлд за првпат проговори за видеото во кое нејзиното момче Хари Стајлс наводно го плука актерот Крис Пајн.

Оливија гостуваше во „The Late Show“ и се осврна на премиерата на „Don’t worry darling“.

„Дали Хари го плукна Пајн? Зошто го направи тоа или сепак не го направи?“, праша водителот.

„Тоа не се случи, но мислам дека тоа е совршен пример дека луѓето создаваат драма каде и да можат. Хари не го плукна Крис, навистина не“, одговори актерката.

Главна тема на социјалните мрежи беше дали Хари Стајлс навистина го плукна својот колега Крис Пајн пред прикажувањето на филмот на филмскиот фестивал во Венеција.

Да потсетиме, портпаролот на Стајлс за медиумите ги демантираше овие тврдења.

„Ова е смешна приказна – целосна измислица и резултат на чудна онлајн илузија која јасно мами и дозволува глупави шпекулации“, изјави портпаролот на Хари за Variety.

Слични содржини