Хари Стајлс на концерт пиеше алкохол од патика (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

Популарниот пејач Хари Стајлс со својот потег на концертот во Перт, како дел од австралиската турнеја, ги шокираше фановите.

Имено, во еден момент за време на концертот, тој ја зеде својата патика и во неа си стави алкохолен пијалок, кој потоа го испи пред публиката!

Хари, откако отпи голтка, го истури пијалокот од обувката и потоа продолжи да пее.

Како и да е, тоа сепак не ѝ се допадна на неговата публика, но ниту на самиот Стајлс кој јавно го коментираше овој потег:

„Ова е една од најодвратните традиции за кои сум чул досега“, навел пејачот за скандалот, пренесува Page Six.

„Се чувствувам како друга личност. Се срамам од себе. Толку интимен момент споделен со толку многу луѓе. Долго ќе разговарам со мојот терапевт за ова“, рече пејачот на концертот.

Слични содржини