Потпретседателката на САД, Камала Харис вели дека ќе работи со американскиот претседател Џо Бајден за продлабочување на американско-германското партнерство.
Изјавата доаѓа по разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел во Вашингтон,
Харис изјави дека разговарала со Меркел на бројни теми.
„Разговаравме за зајакнување на демократските институции и трансатлантските односи, како и одговор на заедничките предизвици како што се здравјето и климата“, рече Харис.
За време на нејзината последна официјална посета на Вашингтон, Меркел и се придружи на Харис за појадок, пред да се сретне со американскиот претседател Бајден.
Харис ја пофали „извонредната кариера“ на германската канцеларка, а Меркел рече дека е воодушевена што има можност да се сретне со првата жена потпретседател на САД, пренесе АП.
Меркел, кој соработуваше со четворица американски претседатели скоро 16 години, потоа беше пречекана од Бајден во Белата куќа.
„Посетата ќе потврди силни и трајни билатерални врски меѓу САД и Германија“, соопшти Белата куќа, пред посетата на германската канцеларка.
Како што е наведено, двајцата лидери ќе разговараат за голем број теми, вклучувајќи ги климатските промени, пандемијата Ковид-19, решавање на безбедносните и регионалните предизвици и заканата по демократијата ширум светот.
Според Гласот на Америка, Бајден и Меркел се очекува да разговараат за изградбата на гасоводот „Северен тек 2“, кој ќе пренесува природен гас од Русија до Германија, проект на кој Вашингтон се противи.