ХАРЛИ НАСКОРО ПОЛНИ 55, а изгледа подобро од било кога

од Vladimir Zorba
298 прегледи

Уште два дена славната актерка и манекенка Елизабет Харли ја делат од прославата на својот 55-ти роденден, и таа изгледа подобро од било кога. Харли е свесна за ова и затоа не е воопшто невообичаено да објавува фотографии во бикини секој ден и да ја покажува својата завидна линија на целиот свет.

За нејзиниот фантастичен изглед, Харли секој ден добива бројни комплименти на социјалните медиуми.

„Вие воопшто не стареете“, „Како е можно да изгледате вака после 50 години“, „Изгледате подобро од Џенифер Анистон и Џеј Ло заедно“ се само некои од коментарите на нејзините следбеници.

View this post on Instagram

English sunshine….. but with my trusty SPF 50 😉

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) on

Харли ја откри и тајната на нејзиниот младешки изглед.

– Градинарство. Тоа е мојата тајна.

Сепак, овој изглед бара многу повеќе од градинарството, па актерката откри дека пие чаша топла вода секое утро за метаболизмот и подобро варење, а секогаш има шише вода со неа.

Таа тврди дека не сака да вежба и дека нејзината линија е поради брзото одење 30 минути секој ден, и таа само прави стомачни.

Харли посочува дека основата на сè е здрава исхрана, така што таа не јаде јаглехидрати, шеќер, не пие газирани пијалоци и алкохол. Кога е многу гладна, Елизабет јаде супа и тврди дека тоа е тајната на витката линија.

Слични содржини