Хасани: Имавме две опции или ќе се ограничиме за постот или ќе се затвориме за празниците

од Берта Китинска
475 прегледи

-Пандемијата го направи своето. Од секогаш постоеле и ќе постојат како и сега таа е наша реалност новите мерки се многу рестриктивни, но свесно направени за празниците да се поминат во мир.Се наоѓаме на прагот на верски празници, но свесни сме дека нашата земја е во тешка состојба, размислуваме проактивно имавме две опции или ќе ограничиме за постот или ќе се затвориме за Бајрам и Велигден. Ако сега не ја донесовме одлуката, со сигурност за празници ќе бевме затворени, изјави заменик-министерот за здравство Илир Хасани.

Тој,напомена дека граѓаните и за празниците ќе мора да внимаваат, бидејќи одењето на гости особено кај постарите може да биде фатално.

-Мора со овие непопуларни мерки да ги заштитиме луѓето, но и здравствените работници. Британскиот сој е многу полош отколку што очекувавме, ,реча Хасани.

Слични содржини