Хасани: Тетово „изгоре“ многу побрзо од другите градови поради прославите и големиот број на печалбари

од Берта Китинска
375 прегледи

Илир Хасани, заменик министерот за здравство во „Магазин“ на ТВ Сител вели дека за овој вирус нема лек и единствен начин за да се намали бројот на заразените е со вакцините.

Тој објасни дека Скопје на лето  станува празно,а  во Тетово и Куманово се зголемил  бројот на граѓани поради присуството на нашинците од странство.

-Се правеа церемонии и свадби, градот имаше многу луѓе во еден временски пресек, без разлика дали тие одеа на свадби или не. Не се само свадбите и журките, затоа што ако се почитуваат протоколите, како маски, дистанца , сигурно ќе беше многу подобро. Проблемот не е само до собиранките, туку луѓето од  странство доаѓаат да ги видат луѓето долго што не ги виделе и беа зголемени контактите.Тоа беше еден голем ветер за Тетово да „изгоре“ многу побрзо од другите градови со ковид, рече Хасани.

Слични содржини