Хашимото: Олимписките игри ќе се одржат 100 отсто

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Организациониот комитет на Олимписките игри во Токио, Сеико Хашимото, изјави дека најголемиот светски спортски фестивал во Јапонија ќе се одржи 100 отсто, но предупреди дека сите мора да бидат подготвени за сценариото навивачите да не биде на трибините ако состојбата со коронавирус не се смири, пренесе денес Би-Би-Си.

Останаа точно 50 дена до почетокот на Игрите во Токио, а Јапонија веќе неколку недели се бори со новиот, четврти бран на коронавирус.

Анкетите покажуваат дека жителите на земјата се против одржување на Игрите поради сегашната епидемиолошка состојба.

„Жителите на Јапонија се фрустрирани што сакаме да ги организираме Игрите во Токио. Најголемиот предизвик ќе биде како да го контролираме движењето на луѓето. Ако се појави нов бран пандемија за време на Игрите, ќе има голема криза и итни случаи. Поради тоа мора да бидеме подготвени на сценариото дека навивачите нема да бидат на трибините “, рече Хашимото.

Вонредната состојба во Јапонија ќе биде на сила до 20 јуни, додека Олимписките игри се на програмата од 23 јули до 8 август.

Слични содржини