Хаслем: Дончиќ има уште една или две години да покаже дека е лидер, инаку ќе лета од Лејкерс

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Удонис Хаслем, поранешен американски кошаркар, остро го критикуваше Лука Дончиќ во подкаст.

Поранешниот шампион на НБА со Мајами не верува во лидерските квалитети на словенечкиот репрезентативец.

„Јас не сум ниту претседател ниту генерален менаџер, но сум човек кој има свои ставови. Ако не го направите она што ќе вè доведе до победа, имате проблем. Лука мора да биде вистински пример за сите момци во тимот, вистински лидер. Ќе му дадам една или две години за да биде тоа. Ако не си, ќе леташ. Најдобриот играч мора да биде оној на кого сите се угледуваат“, рече Хаслем.

Лука Дончиќ оваа сезона пристигна во Лејкерси од Далас. Тимот на Лос Анџелес беше елиминиран во првото коло од плејофот на Западната конференција од Минесота со вкупен резултат од 4:1.

Слични содржини