Hasta la vista, baby: Џонсон на необичен начин се прости од пратениците (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
264 прегледи

Британскиот премиер во заминување Борис Џонсон денеска доби овации од членовите на Конзервативната партија, откако своето обраќање пред парламентот го заврши со зборовите Hasta la vista, baby, алудирајќи на зборовите од филмот „Терминатор“.

– Помогнавме, помогнав и јас, да ја протуркаме оваа земја низ пандемијата и да помогнеме да се спаси друга земја од варварството. Искрено, воглавно тоа е тоа што се случува. Мисијата беше во голема мера исполнета. Сакам да им се заблагодарам на сите овде. Hasta la vista, baby – рече Џонсон при последниот одговор на пратенички прашања на позицијата премиер, пренесе „Ројтерс“.

Џонсон реши да му даде совет и на идниот премиер.

Како што пренесува Би-Би-Си, тој им порачал на кандидатите за нов лидер Риши Сунак, Пени Мордонт или Лиз Трас да се држат до Американците, да бидат тука за Украинците и да се борат за слобода и демократија „насекаде“.

Тој, исто така, им порача да ги намалат даноците каде што можат и да ја направат Британија најдобро место за живеење и инвестирање, да се фокусираат на она што претстои, но и да „гледаат во ретровизорот“ и да запомнат дека мислењата од Твитер „не се бројат“.

Слични содржини