Њукасл освои бод во Бирмингем против Астон Вила (0:0) во Премиер лигата, иако навивачите веруваат дека доколу Александар Исак бил во тимот „страчките“ ќе искористеле дел од создадените можности, особено да бидат поопасни во последниот половина час кога имаа играч повеќе (Конса беше исклучен во 66-тата минута).
На менаџерот на Њукасл, Еди Хау, затоа му беше поставено едно од прашањата на прес-конференцијата поврзано со ситуацијата околу Исак. Напаѓачот не тренира, сака да оди во Ливерпул, но нема договор меѓу двата тима.
„Тешко е да ви дадам конкретен одговор на тоа. Се надевам дека приказната со Исак ќе се реши брзо, бидејќи тоа е постојана вест околу нас. Играчите успеаја да го исклучат тој проблем и да играат. Мораме да продолжиме да работиме, да се справуваме со тој проблем“, рече Еди Хау.
Остануваат уште 15 дена до крајот на преодниот рок, ќе видиме дали Исак ќе се држи до својата одлука да замине или ќе се врати во тимот на Њукасл.