Во пресрет на судирот Њукасл-Ливерпул, на теренот сè уште се зборува за судирот меѓу двата клуба околу Александар Исак. Иако, не станува збор за директен судир меѓу двата клуба, туку меѓу играчот и клубот во кој се наоѓа.
Исак јасно изјави дека сака да си оди, Ливерпул чека како ќе се отплетка ситуацијата. А Еди Хау, барем декларативно, сè уште се надева дека сè би можело да се врати во ситуацијата пред преодниот рок, кога Швеѓанецот безмилосно ги полнеше мрежите на противниците на Њукасл.
– Тој има договор со нас, тој е наш играч. Го сакам 100% во дресот на Њукасл. Мојата желба е да биде во составот во понеделник. Но, нема да биде и тоа е жално – рече Хау.
И покрај острите зборови, Хау верува дека сè може да се врати и дека Исак повторно може да го предводи нападот на Њукасл. А дел од таа работа е и обнова на односот со навивачите, бидејќи тие не гледаат многу позитивно на она што Швеѓанецот го прави сега.
– Мислам дека тој може да го обнови односот со навивачите. Мислам дека навивачите првенствено ќе реагираат на тоа како игра играчот и што тој му дава на тимот. Секогаш има две страни на приказната. Мојата работа сега е да го поддржувам Алекс и да се грижам за него, додаде тој.
Њукасл и Ливерпул го затвораат второто коло од Премиер лигата во понеделник.