Пукање на цевка од Хидроцентралата ХЕГ кај Горна Воденица ја замати утрово Мала Река, а во селото Тресонче загриженост за еколошките штети.
Како што пишува во постот во Фејсбук-групата с. Тресонче, во реката живеат голем број видови жив свет, од кои некои се ендемити, односно живеат само во тие предели, и се стравува за нивно изумирање.
Здружението на граѓани „Брзовец“ ги известило Министерството за животна средина, Инспекторатот за животна средина, Националниот парк Маврово и Општината Маврово-Ростуше.