Хаварисаните возила во Карпош ќе бидат отстранети на трошок на сопствениците

од desk4
94 прегледи

Во Карпош продолжува акцијата за подигнување на стари, хаварисани возила согласно Законот за управување со отпад. Оваа недела се преземени мерки во УЗ Тафталиџе 1 и УЗ КЈП за возила без регистарски таблички, на кои веќе им е залепена налепница за дислокација.

Граѓаните кои поседуваат вакви возила и не ги отстранат по спроведената инспекциска постапка, ќе мора да ги покријат трошоците за нивно отстранување. Возилата ќе бидат транспортирани во депо и ќе бидат оставени на чување 7 дена, по што ќе следи рециклирање.

Акцијата ќе продолжи до целосно отстранување на сите старите возила на територијата на општината.