Хајрулахи реизбран за шеф на Вишото јавно обвинителство-Скопје

од Nikola Popovski
297 прегледи

Советот за Јавни обвинители денеска едногласно повторно го избра Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство-Скопје.

Тој едногласно беше реизбран со осум гласа “за”, откако претходно во два наврати Советот не можеш да избере шеф.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на почетокот на денешната седница појасни дека Хајрулахи е позитивно оценет со 24 поени.

Хајрулахи беше единствениот кандидат, бидејќи претходно од трката се повлекоа обвинителите Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми.

Слични содржини