Хaјли Болдвин се соблече во земјата на чудата

од desk4
88 прегледи

Хaјли Болдвин дефинитивно стана симбол на сексапил и убавина, откако стапна на модна писта.

Нејзините успеси како модел носат се повеќе и повеќе професионални обврски, од кои некои особено пикантни.

Последниот таков предизвик е појавувањето на Болдвин, која по втор пат е на насловната страница на списанието Wonderland. Сексапилната фотосесија го покажува моделот одблизу речиси без облека во провокативни пози, а вам ви преостанува сосема малку на фантазијата.

Професионалниот објектив на Кристијан Ојта ни ја покажува русокосата во када полна со гламурозни честички, која носи само сет од бикини и топ на Fendi со додаден сјај од накитот на Bulgari.

Во останатите кадри списанието ги открива сите страни на моделот – камелеон – како фатална жена, како спортска натура и како сексапилна дама.