Хејли и Џастин Бибер, среде гласините за брачни проблеми, наводно бараат да се преселат во Европа за да се дистанцираат од животот во Холивуд и да се обидат повторно да се поврзат.
Според информациите што ги објави Page Six, извор близок на парот, агент за недвижнини, открил дека манекенката и пејачот го контактирале за да им најдат дом во Европа, каде што ќе можат да уживаат во приватноста, далеку од медиумскиот притисок.
„Тие сакаат поедноставен живот. Планираат да го забават темпото и да најдат мирен простор за повторно поврзување”, рекол изворот.
Неодамнешното „бизарно“ однесување на Џастин Бибер предизвика загриженост кај неговите обожаватели, кои почнаа да се сомневаат дека можеби е под дејство на дрога. Иако неговиот претставник брзо ги отфрли обвинувањата, Бибер на социјалните мрежи сподели видео на кое вели дека е „во небо“ и фотографии на кои се гледа како пуши од бонг.
„Џастин минува низ тежок период во моментов, а Хејли прави се за да биде тука за него, но таа има свои граници“, изјави извор претходно.
Гласините за брачни проблеми дополнително се разгореа кога Хејли присуствуваше на забавата за Оскар на Vanity Fair без нејзиниот сопруг, а Џастин ја отследи својата сопруга на Инстаграм, што ги подгреа шпекулациите меѓу фановите. Исто така, неговиот коментар во кој ја фали актерката Кеке Палмер предизвика дополнителни сомнежи за нивната врска.
Џастин веќе некое време ја разгледува можноста да живее надвор од САД, а парот, кој минатата година го доби синот Џек Блуз, наводно бара дом во Европа со „добро време, приватност и помирна средина“.