Хејли: САД засега ќе го почитуваат договорот со Иран

од desk2
124 прегледи

САД засега ќе го почитуваат меѓународниот нуклеарен договор со Иран, изјави денеска американската амбасадорка во Обединети нации, Ники Хејли.

Таа додаде дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака „пропорционално“ да одговори на ациите на официјален Техеран на светската сцена.

– Мислам дека засега ќе забележите дека се придржуваме до договорот. Затоа што и ние се надеваме дека можеме да ја подобрие ситуацијата. И тоа е наша цел, истакна Хејли мислеќи на загриженоста поради иранското тестирање на балистички ракети, меѓународната продажба на оружје и спонзорирање на тероризмот.

Хејли во интервју за Би-Би-Си додаде дека САД детално го проучувале нуклеарниот договор поради тензиите кои ескалираа по развојот на нуклеарно оружје на Северна Кореја. – Тоа што сега сакаме да го кажеме по повод Иран е да не се дозволи да стане следна Северна Кореја, наведе Хејли.