Хектор од серијата „Руби“ и денес е голем заводник: Среќата ја пронајде покрај колешка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
420 прегледи

Аргентинскиот актер Себастијан Рулги стекна огромна популарност со улогата на Хектор во серијата „Руби“.

Тогаш ги „освои“ жените ширум светот, па почна да се појавува во значајни улоги, а го видовме во сериите: „И покрај се“, „Ѕверови“, „Страсти“, „Тереза“, „Украдена љубов“ и други, главно во главните улоги.

Медиумите го поврзуваа со бројни актерки, а со колешката Сесилија Галијано се ожени во 2007 година, а во 2010 година го добија синот Сантијаго.

Меѓутоа, во 2011 година двајцата се разведоа, а среќата ја најде со Анџелик Бојер со која глумеше во серијата „Тереза“.

Себастијан денес има 47 години, многу е активен на социјалните мрежи и често го покажува своето извајано тело, а многу жени забележуваат дека актерот изгледа се подобро и подобро.

Слични содржини