Унгарија воведе уште построга гранична контрола за заштита на надворешни шенгенски граници согласно одлуките на Владата во Будимпешта. Унгарската армија користи и воена техника при патроли по српската граница.

Полицајците придружувани од кучиња патролираат крај зелената линија, а термокамерите го следат секое движење дури во внатрешноста на Србија. Жандармеријата вклучи и коњичка полиција при проверката на границата. Сето ова се прави со цел да се спречи секаков обид за нелегално преминување на државната граница, пренесе РТС. “Од полноќ до утрово приведени 220 лица поради нелегално преминување на границата, а минатата викенд нивниот број беше 320. На многу места заштитната жица е пресечена, но во 99 отсто од случаите сторителите се уапсени.
Целосно сме подготвени да ги заштитиме, како унгарската така и Шенген граница “, рече заменик директорот на полицијата Золт Халмоши. Началникот на Генералштабот на унгарската армија Тибор Молови истакна дека војниците им помагаат на полицајците при обезбедувањето на границата. “Тие се целосно подготвени и мотивирани. Дел од нив се вратија од мисиите во странство за да се вклучат во операциите кај нас – некои се вратија на пример од Ирак, за да го намалат бројот на илегалните мигранти кај нас”, рече Молови. Хеликоптери од армијата и полицијата секој ден прелетуваат крај границата. “Оваа година сме задржале 60 шверцери на луѓе, а минатата над 1000.
Термокамерите имаат можност да го набљудуваат движењата подлабоко во внатрешноста на територијата на Србија. Добиената информации ги предаваме на српските колеги за да можат да реагираат. Имаме и заеднички патроли долж границите”, прецизира уште Золт Халмоши. Ако, и покрај сите заштитни мерки, некој од илегалните мигранти успее да влезе внатре во унгарска земја само по стотина метри бива притворен од армијата. “Сите човечки и технички ресурси на унгарската армија и полиција се вклучени во заштита на границата. Унгарија е категорично решена да спречи секаков обид за нелегално преминување на нејзината граница”, се вели на крајот репортажа.