Ерменскиот премиер Никол Пашинјан во саботата објави дека хеликоптерот што го превезувал принудно слетал поради лошите временски услови и за среќа инцидентот не предизвикал жртви.
„Се е во ред. Нашиот хеликоптер поради лоши временски услови непланирано слета во Ванадзор. Сега го продолжуваме нашето патување со автомобил“, рече јеменскиот премиер на Фејсбук.
Ванадзор, на северот од оваа кавкаска земја, се наоѓа во долина опкружена со планини.
Пашинјан моментално се соочува со предизвик дома поради неодамнешното отстапување на четири погранични села на Азербејџан, како и победата на Баку во последните две војни за контрола на енклавата Нагорно-Карабах, во 2020 и 2023 година.
Во мај, хеликоптерска несреќа во планинските области и тешките временски услови го однесоа животот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој леташе над северозападниот дел на Иран.