Денеска во хангарот на Хеликоптерската единица на министерството за внатрешни работи беше извршен преглед на хеликоптер на министерството за одбрана со што истиот ќе може да биде вратен во функција за потребите на министерството за одбрана и граѓаните, соопшти МВР.
Одделот за Воздухопловни единици на МВР во минатиот период по извршени значителни обуки на персоналот и инвестиции во опрема стана субјект кој нуди и сервисни услуги и одржување на леталата и за други институции и министерства.