Мал хеликоптер слета крај западното крило на зграда американскиот Конгрес во Вашингтон. Пилотот е приведен.
Полицијата соопшти дека привремено се затворени околните улици, соопшти Ројтерс.

“Полицијата истражува како жирокотерот слетал на тревната област пред западното крило на американскиот Конгрес “, изјави полицискиот претставник потполковник Кимберли Шнајдер Ен-Ен.

Според него, ова е ограничен воздушен простор и за да поединецот слета треба да се добие специјална дозвола да лета во овој воздушен простор.
Полицијата не го открива идентитет на приведениот пилот, но укажува дека тој е во притвор за испрашување и сеуште не се знае дали станува збор за механички проблем или намерна слетување на Капитол во Вашингтон.