Хелсиншки комитет: Ако не се реши статусот на лицата без државјанство, државата да изнајде решение според ЕУ

од Nikola Popovski
312 прегледи

Хелсиншкиот комитет за човекови права подготви правно мислење во однос на бездржавјанството, со осврт на Законот за државјанството, Законот за странците и Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените.

Во правниот заклучок од организацијата потенцираат дека има две категории граѓани , кои по различни основи можат да се стекнат со државјанство во следните три месеци, врз основа на постоечките закони.

„Треба да се даде шанса на постојното законско регулирање и до истекот на рокот на 05.06.2021 година предвиден во Законот за странците и до истекот на рокот на 30.06.2021 година предвиден во Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени (ЗНЛМКР). Се работи за временски период од три месеци во кој надлежни органи треба да покажат агилност и флексибилност во рамките кои ги пропишува законот, да воспостават предвидлива и воедначена пракса при што навремено ќе ги споделуваат сите релевантни информации до засегнатите лица и групи. Доколку и со примената на постојните законски одредби статусот на лицата без државјанство не се уреди, тогаш државата треба да изнајде решенија за нив, во согласност со меѓународните стандарди како и законодството и праксата на Европската Унија“, стои во заклучокот.

Од таму додаваат дека државјанството на Република Северна Македонија согласно член 3 од Законот за државјанство се стекнува со:1) потекло; 2) раѓање на територијата на државата; 3) природување; и 4) меѓународни договори. Анализите покажуваат дека има две главни категории на лица кои живеат долги години во Северна Македонија но немаат статус на државјанство: 1) лица кои не го уредиле статусот по распадот на СФРЈ и 2) лица кои не се евидентирани во матичните книги на родени, стои во правното мислење.

Слични содржини