Хелсиншки со апел за безбедност на ЛГБТИ заедницата за време на протестот на МПЦ

од Vladimir Zorba
322 прегледи

Загрижени од енорминиот раст на пријави на инциденти и вербални напади и закани како онлајн, така и во физичкиот простор во последните денови, а предизвикани од вжештената атмосфера околу дискусијата на верските институции поврзана со носењето на законите за родова еднаквост и матична евиденција, од Хелсиншки комитет за човекови права се обратиј со апел и совет за лична безбедност и добросостојба.

Како граѓанско општество остануваме посветени на градење на општествена кохезија и надминување на раздорот и застапување за помирување меѓу нашите граѓани.

Со големо жалење и за првпат бараме од лицата од ЛГБТИ заедницата и поддржувачите да бидат помалку видливи и тивки во текот на денот на протестот, но нашата грижа за заедницата овојпат не’ приморува на тоа. Остануваме да бидеме гласни и посветени во борбата за еднаквост и демократија, но на крајот на краиштата најважно е да останеме живи и здрави за да можеме да продолжиме да ја остваруваме нашата визија за Македонија како земја на еднакви права и можности за сите граѓанки и граѓани.

Ве советуваме на 29.06., како и денот потоа:

1. Да избегнувате да се движите на просторот на којшто се одржува протестот.

2. Да избегнувате да носите обележја кои асоцираат на ЛГБТИ заедница во јавен простор.

3. Движете се низ осветлени и фрекветни улици и простори.

4. Секогаш имајте мобилен телефон при рака, за да во случај на каков било инцидент – веднаш да ја контактирате полицијата.

5. Во случаи на вербални напади и провокации, останете смирени и тивки и брзо упатете се кон место каде што има повеќе луѓе.

6. Во случаи на вербални напади во такси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Побарајте да слезете на првото погодно место и напуштете го возилото во молк. Веднаш потоа пријатевет го возачот во такси компанијата, а инцидентот до надлежните институции.

7. Во случај на напад или закани во автобуси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Излезете без збор на следната станица и пријавете во надлежни институции.

8. Во случај на физички напад гласно барајте ПОМОШ!. Штом сте на безбедно веднаш пријавете.

Свесни сме дека ЛГБТИ заедницата ретко пријавува случаи на насилство и прекршување на права до институции и затоа ви излегуваме во пресрет. Случаите на напади, закани, агресии и вознемирување можете да го пријавите во Хелсиншкиот комитет за човекови права на следните телефони:

Од 09:00 до 15:00 часот 02/3119073

Од 15:00 натаму 078/734217“, велат од Хелсиншки.

Слични содржини