176
Црна хемиска течност се излеа по булеварот „Борис Трајковски“ во близина на Пинтија, откако пукнал резервоар во приватна фабрика за стиропор и ќеси. Течноста истекла преку атмосферската канализација и предизвикала сериозно загадување на коловозот.
Настанот се случил денеска околу 14 часот. На терен интервенираа полициски екипи, а сообраќајот беше пренасочен. Во тек се мерки за расчистување и утврдување на причините за хаваријата.