275
Актерот Хенри Кавил, кој го знаеме од филмови како „Superman“ и „Justice League“, ќе влезе во
улогата на Шерлок Холмс, пренесе „Варајети“. 36-годишниот Кавил ќе го игра познатиот детектив во
филмот „Enola Holmes“, во литературната серија на Нанси Спрингер за случаите кои разплита
помалката сестра на Шерлок и Мајкрофт Холмс.
Во ликот на Енола Холмс гледачите ќе ја видат 15-годишната Мили Боби Браун, позната по улогите
во серијата „Stranger Things“ и „Godzilla: King of the Monsters“.
Британската ѕвезда Хелена Бонам Картер ќе ја игра мајката на Енола.
Режисер на филмот „Enola Holmes“, чие снимање ќе започне ова лето, ќе биде Хари Бредбери (Killing
Eve). Сценариото е доверено на Џек Торн (His Dark Materials).