Поранешниот Формула 1 возач Џони Херберт го предупреди тимот на Мекларен да очекува поинтензивна битка помеѓу Ландо Норис и Оскар Пјастри на почетокот на сезоната 2025 година, бидејќи и двајцата ќе се обидат да се наметнат како доминантна сила во тимот.
Според Британецот, кој зборува и од лично искуство, двајцата ќе се обидат да заземат лидерска позиција во тимот за да имаат поголеми шанси да конкурираат за светската титула. Тој направи споредба и со Михаел Шумахер, кој уште пред почетокот на одредена сезона успеа да се наметне како лидер на тимот, што го прави и Макс Верстапен.
„Па, од моето искуство, кое го вклучува Михаел Шумахер, тој си гарантираше дека ќе биде доминантна сила. Ова се случуваше уште пред првата трка. Макс Верстапен го прави истото, го прави тоа кој и да е тимски колега, тој самиот да си ја контролира судбината, тоа е се. Дали е ова судбината и на Ред Бул? Можеби малку, но во основа е на Макс. Токму тоа треба да го направат Ландо и Оскар во Мекларен. Како треба Мекларен да се справи со ова? Треба да дозволат да се развие.
Мислам дека на почетокот на сезоната ќе ги пуштат слободно да се борат бидејќи нема смисла да се диктира резултатот во Австралија, Кина и уште неколку трки. Нема да биде добро за Мекларен ако рано покаже наклонетост и тука доаѓаат менталните битки.
Знаев дека морам да бидам посилен отколку што бев со Михаел, па ги кажувам овие работи, тоа е нешто што го научив од него. И јас го гледам и од Макс, но во друго сценарио и токму така се слични. Се е до нив и нивната борба да станат светски шампиони. Менталната цврстина ќе биде најголемата борба за овие врвни возачи“, рече Херберт.