Hermes пушти парфем со мирис на влажни морски камчиња

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Парфимеристката на француската модна куќа Hermès Кристин Нажел создаде нова верзија на мирисот од 2004 година Eau des Merveilles.
Новата верзија се нарекува Eau des Merveilles Bleue.

Според Нажел композицијата е инспирирана од мирисот на морските влажни камчиња. Таа смета дека интересот за овој мирис “тргнува од детството, кога го детето открива светот и на сè се воодушевува”.

“Се восхитував од мокрите камчиња по брегот: тие имаа посебна боја и сјај и јас го почувствував нивниот солен, минерален вкус”, се сеќава создавачката на парфеми.

Познатиот дом на модата Hermès е формиран во 1837 година во Франција.