“Херметичко затворање”- ЕУ со план за испраќање на полицајци и војници на грчко-македонската граница

од desk3
108 прегледи

Европската унија има развиено план за испраќање на гранични полицајци и војници на границата на Македонија со Грција, во обид да се намали приливот на бегалци кон Северна Европа, соопштува “Фајненшл тајмс”, цитиран од агенциите.

migranti

Претставници од различни земји спомнавме за можноста земјите членки на ЕУ да испратат војници на македонска територија, за да ги контролираат, или дури “херметички да ја затворат” границата со Грција, тврди весникот, повикувајќи се на дипломати. Планот веќе се разговараше во Брисел и Берлин, но сретнал реакција од Атина.

Над 67 илјади бегалци влегле во Европа во Грција, а дипломати се загрижени дека овој број ќе се зголеми во следните недели, поради влошената ситуација во Сирија.

Сведок: „МОНСТРУМ“ пред Специјалното обвинителство и пред Врховниот суд

Ако Грција не е подготвена или способна да го заштити Шенгенскиот простор и ако таа не прифати помош од ЕУ, тогаш ни треба друга одбрана линија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, и ги имал предвид Македонија и Бугарија.

Министерот за надворешни работи на Холандија предупредил дека бегалскиот бран создава тензии меѓу земјите на Балканот, а она што треба да се направи е сите да работат заедно.

Британскиот весник го дефинира планот како контроверзен, бидејќи изгледало дека земји од ЕУ се подготвени да покажат поддршка за Македонија, а не за Грција, која е членка на блокот. Во публикацијата се наведува дека дипломати во Северна Европа ја оценуваат позитивно идејата Грција да стане де факто бегалски камп, а потоа бегалците да се дистрибуираат во земјите членки на ЕУ.