Хероината од „Медена земја“ се онесвести, за време на говорот на министерот за земјоделство

од Берта Китинска

На отворањето на настанот „Денови на македонскиот мед“ на плоштадот во Скопје, најголемо внимание на манифестацијата привлече Атиџе Муратовска, главната протагонистка на македонскиот докумантарен филм „Медена земја“ што беше номиниран за два оскара. Таа скромно дојде, а откако организаторите ги најавија гостите, по што го прочитаа и нејзиното име, Атиџе доби бурен аплауз.

Но, доека министерот за земјоделство Аријанит Хоџа држеше говор Атиџе загубила свест, по што веднаш била повикана итна помош.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа на денешната манифестација рече дека Владата има јасна стратегија за пчеларството и вети максимална поддршка.

-За пчеларството, воспоставени се нови мерки преку Програмата за финансиска поддршка 2020 година, а достапни се и ИПАРД фондовите. Планирани се и мерки за поддржување иноваци во однос на пчелни производи, активно вклучување на младите земјоделци и руралните жени, но и мерки за развој на пчеларскиот туризам со цел подобрување на условите за живот во руралните средини. Согласно Програмата за финансиска поддршка во 2019 година за презимено пчелно семејство се исплатени 167.199.400 денари на 4.114 земјоделци, истакна Хоџа.

Податоците од АХВ, дополни, покажуваат дека производството на мед во изминативе години е зголемено и лани изнесувало 1,671,420 килограми. Дел од овие количини мед е наменет за домашниот пазар, а дел се извезува.

-Македонскиот мед е многу ценет на странските пазари за што зборуваат и последните информации од неодамна одржаниот натпревар по квалитет на мед во Тузла, на кој учествуваа претставници од три континенти, а македонскиот мед е прогласен за најквалитетен, подвлече министерот. На отворањето се обрати и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ кој напоемна дека Фестивалот на медот има за цел да ја одржи традицијата на пчелни производи, а присуствуваше и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.

Посетителите на „Денови на македонскиот мед“ на поставените штандови долж улица „Македонија“ можат да купат мед, пчелин восок, прополис, матиен млеч, полен, перга, па и ликери на база на мед. Цената на тегла мед, како што рекоа некои од сопствебиците, чини 450 денари и е унифицирана.

Слични содржини