Херој на трагедијата во САД – тренер умре штитејќи ги учениците

од desk2
163 прегледи

Тренер по амерички фудбал во средното училиште во градот Паркленд загина во оружениот напад на училиштето, во обид да ги спаси своите ученици.

Од училиштето соопштија дека Ерон Фајс настрадал како херој, откако се фрлил пред учениците кои се нашле на мета на 19-годишниот Николас Круз.

„Тој беше наш помошник тренер и наш заштитник. Несебично ги штитеше учениците од напаѓачот кога беше застрелан. Умре како херој, секогаш ќе биде запамтен во нашите срца и во нашето сеќавање“, наведувата од училиштето.

Сведок на трагедијата пренесе дека Фајс скокнал пред напаѓаќот за да ги заштити животите на учениците.

Круз влета во своето поранешно училиште во Паркленд, Флорида вооружен со полу-автоматска пушка АР-15 и уби најмалку 17 луѓе.

Најнови детали за осмото масовно убиство во едно американско училиште (ВИДЕО)