Херојот на Англија: Беше совршена ноќ

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Капитенот на Англија, Хари Кејн беше очекувано воодушевен откако постигна два гола во својот 100-ти натпревар за „трите лава“ во победата од 2-0 над Финска.

Напаѓачот стана третиот, по Вејн Руни и Боби Чарлтон, што се запишал во листата на стрелците на неговиот јубилеен натпревар и сега има 68 гола за националниот тим.

„Тоа беше совршена вечер. Во мојот натпревар број 100, сакав да ги направам работите незаборавни, па да постигнам два гола и да му помогнам на тимот да победи беше речиси совршено. Мојот прв гол дефинитивно е еден од моите најдобри за Англија, но дојде и вториот, така што дефинитивно ќе ги паметам тие голови“, изјави Кејн.

„Имав доволно можности да постигнам хет-трик. Сепак, јас и Ли зборувавме дека има уште многу натпревари, па не сум лут поради мојата замена“, додаде стрелецот на голот, кој ја напушти играта на десет минути пред крајот.

„Уште кога бев млад, многу луѓе се сомневаа во мене дека можам да го постигнам она што го направив и тоа го користам како мотивација. Како фудбалер, критиките се неизбежни, особено кога работите не одат како што сакаш. Но, се обидувам да останам фокусиран и да продолжам да ги туркам и поместувам границите како сега“, рече Кејн.

Слични содржини