Англискиот напаѓач Оли Воткинс беше херојот при успехот од 2-1 над Холандија во четвртфиналето на Евро 2024. Тој го постигна победничкиот гол за „трите лава“ во судиското продолжение откако влезе како замена за Хари Кејн. По натпреварот, тој изјави дека имал „чувство во стомакот“ дека ќе се запише во листата на стрелците.
„Неверојатно, го чекавме овој момент толку долго, со недели, со месеци… Работевме заедно како тим. Денеска го постигнав тој гол и мило ми е што ги израдувавме нашите навивачи. Неверојатно! Се колнам во моите деца, знаев дека штом Кол Палмер ќе ја добие топката, тој ќе ми ја подаде, а јас ќе дадам гол. Едноставно го почувствував тоа внатре. Тоа е најдоброто чувство“, рече Воткинс.
„Имаше многу критики за тренерот, но еве сме во финалето, и тоа е најважно. Можеби се формира тенденција за гол на крајот. Се трудиме да играме на ниво во текот на целиот натпревар, а не да се откажеме, и на крајот го добиваме она што го сакаме. Ни останува само уште еден натпревар, но против Шпанија ќе биде тешко“, додаде напаѓачот.