Малиот Хесус дел Рио (7) се врати на сцената на шоуто „The Voice Kids“ во Шпанија откако жирито го остави целосно без текст. Да потсетиме, на својата прва аудиција, ова момче воодушеви со својата верзија на „Highway to Hell“ од AC / DC.
Овој пат, во втората рунда, тој беше во комбинација со уште две момчиња со кои ја изведе „Locked Out of Heaven“ од Бруно Марс. И иако се чинеше дека не е баш во неговиот елемент, резултатот беше во негова корист.
Обработката на Хесус на хитот на AC / DC стана вирален пред еден месец и милиони луѓе не можеа да поверуваат дека од тоа мало тело излегува толку моќен глас. За оваа рунда, тој мораше да ја „спушти топката“, да отпее песна што не е во негов стил и да ја сподели сцената со уште две, постари момчиња, Лукас и Алехандро. Беше очигледно дека не му е многу пријатно и дека му оди многу подобро со рок, отколку во поп жанрот. Тој дури остана да се држи до неговиот стил на рок.
Неговиот ментор, шпанскиот пејач Меленди, призна дека тоа е негова вина и дека не избрал добра песна за Хесус. Сепак, избра да оди во следната рунда, одлучувајќи да им даде предност на енергијата, личноста и потенцијалот на момчето.
Затоа, патувањето на Хесус во „The Voice Kids“ продолжува и се надеваме дека следниот пат тој ќе има можност да пее нешто „потешко“.
Погледнете го првото појавување на Хесус. Ќе ви биде јасно од каде ги доби милионите прегледи за „Highway to Hell“:
Погледнете го и последниот настап на Хесус и проценете сами дали рокот му лежи повеќе: