Искусниот Хесус се пресели од Рим во Неапол

од Stefanija Kuzmanovska

Бразилскиот дефанзивец и поранешен член на Рома, Хуан Хесус е нов играч на Наполи.

30-годишниот дефанзивец пристигна во Неапол по пет сезони поминати во Рома, а во тимот на Лучано Спалети пристигнува без надомест.

Бразилецот и искусниот италијански стручњак соработуваа и во Рома, а тој пристигнува во Наполи на негово инсистирање.

Играше за Рома 102 пати, постигна еден гол и запиша една асистенција.

Во кариерата, тој играше и за бразилскиот Интернационал и Интер, и потпиша договор со Наполи до летото 2022 година, со можност да го продолжи за уште една сезона.

Слични содржини