Фудбалерите на Реал Мадрид направија подвиг и го совладаа Пари Сен Жермен со резултат 3:1, а најзаслужен за тоа беше неверојатниот Карим Бензема.
Се „мирисаше“ на пласман понатаму на Парижаните, кои пропуштија неколку сериозни прилики, а потоа поведоа во 39. минута со голот на Килијан Мбапе.
Не беше тоа се од напаѓачот на францускиот тим, затоа што го погоди голот на почетокот на вториот дел и тоа на многу убав начин, но голот беше поништен поради офсајд.
Потоа на сцена стапи Карим Бензема.
Капитенот на „Кралевите“ искористи голема грешка на одбраната и го израмни резултатот во 61. минута, а набрзо потоа постигна уште два гола.
Се играше 76. минута кога Модриќ го проигра Бензема, кој одлично се снајде во шеснаесетникот и ја заби топката во мрежата.
Две минути подоцна топката повторно стигна до Французинот кој шутираше на „прва“ и повторно го погоди голот, со што заврши одисејата на Пари Сен Жермен во овогодинешната ЛШ.