Хезболах истрела 140 ракети врз северен Израел

од Nikola Popovski
16 прегледи

Хезболах денеска истрела 140 ракети врз северен Израел, еден ден откако лидерот на таа милитантна група Хасан Насрала се закани дека ќе му возврати на Израел за масовниот бомбашки напад, пренесува АП повикувајќи се на изјави на израелската армија и Хезболах.

Израелската армија соопшти дека попладнево биле истрелани ракети во три бранови на локации долж границата на Израел со Либан.

Истовремено, Хезболах во своето соопштение наведува дека со ракети „качуша“ гранатирал неколку локации долж границата, вклучително и неколку бази за противвоздушна одбрана и штабот на израелската оклопна бригада, за која тврди дека е прв пат погоден.

Хезболах тврди дека ракетите биле истрелани како одмазда за израелските воздушни напади врз селата во јужен Либан.

Слични содржини