284
Либанската милитантна група Хезболах денеска соопшти дека убиството на високи функционери на Хамас во Бејрут претставува „сериозен напад врз Либан“ и „опасен развој“ во војната со Израел.
„Ова злосторство нема да остане неодговорено и неказнето. Верни сме на нашите принципи и обврски кои си ги дадовме. Ова е ден што ќе го паметиме“, порача Хезболах на Телеграм.
Тие додаваат дека убиството на Салех ал-Арури, еден од највисоките функционери на Хамас, и неговите колеги „во срцето на предградијата на Бејрут е сериозен напад врз Либан, неговиот народ и суверенитет“.