Хибридна ждрепка за следната сезона во ЛШ – првиот и вториот не можат да се сретнат до финалето

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Новиот формат во Лигата на шампионите, кој ќе стартува од следната сезона, ќе ни понуди и нов начин на кој традиционалните ждрепки ќе се преточат во натпреварување.

Според Sky Sports, ждрепката сега ќе биде хибридна и ќе вклучува компјутер. Причината за тоа е што со новиот формат, доколку извлекувањето се изврши на начин на кој се знае, ќе бидат потребни 900 топки и меѓу три и четири часа за целата постапка.

Поради оваа причина, процесот ќе се промени. Клубовите првично ќе се извлекуваат рачно, по што компјутер ќе ги одреди нивните осум противници во лигата со 36 екипи. УЕФА соопшти дека автоматизираните елементи ќе продолжат да се проверуваат независно за да се избегнат наводите за манипулација со ждрепката.

Така, целата процедура ќе трае околу 35 минути.

Англиска ИТ компанија доаѓа со софтверот кој ќе го врши дигиталниот дел од извлекувањето. Ќе има и два резервни софтверски системи и ждрепката ќе биде ревидирана.

Другата важна точка е дека клубовите ќе бидат поставени во тениски стил во зависност од нивниот настап во групната фаза. Екипите кои ќе завршат на првите две места во поредокот по првата фаза не можат да играат меѓу себе до финалето, бидејќи првата ќе се пласира во едната половина од осминафиналето, а втората во другата. Тоа значи дека првите четири носители не можат да се сретнат пред полуфиналната фаза.

Целта е да се поттикнат тимовите да се стремат кон што е можно повисок пласман во лигата, наместо да се задоволат само да бидат меѓу првите осум во поредокот.

Лига Европа и Конференциската лига ќе го користат истиот формат.

Слични содржини