Хил за посетата на Курти на Тетово и Скопје: Ќе оставам на вашата фантазија или прашајте некој друг

од Nikola Popovski

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, не сакал да ја коментира неодамнешната посета на косовскиот премиер Албин Курти на Македонија, и покрај официјалните протоколи, без државното знаме и со истакнати знамето и симболот на „Голема Албанија“. Тој рекол дека Белград и Приштина треба да ги решат сите прашања преку бриселскиот дијалог.

Ќе оставам на вашата фантазија што луѓето можат да мислат за тој настан во Тетово или да прашате некој друг, рекол Хил на прес-конференција, запрашан да ја прокоментира посетата на Курти на Тетово.

Американскиот амбасадор изјавил дека ставот на САД во однос на ситуацијата на северот на Косово и формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО) останува непроменет, пренесуваат српските медиуми.

Сите овие прашања треба да се решат преку бриселскиот дијалог, бидејќи тоа е средство за решавање на сите проблеми што се појавија. Секако дека сите би сакале да го видат тоа да биде решено што е можно поскоро и да не се одолговлекува, но останува да се направи преку тековен дијалог и ќе видиме што ќе се случи во наредните недели, кажал Хил.

Слични содржини