Хилари Клинтон: Буш помладиот е виновен за појавата на “Исламска држава”

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Кандидат за претседател на САД Хилари Клинтон ги отфрли обвинувањата на својот конкурент-републиканец Џеб Буш, кој претходно изјави дека таа делумно е одговорна за појавата на “Исламска држава”.Во одговор Клинтон ја префрли вината за постоењето на исламистичката група на постариот брат на Џеб – Џорџ Буш помладиот, кој беше претседател на САД пред Барак Обама, објави агенцијата Ројтерс.

хилари кл

Во текот на говорот во Ајова Клинтон изјави дека влошувањето на ситуацијата во Ирак стана последица од активностите на администрацијата на Џорџ Буш помладиот. Притоа поранешниот државен секретар на САД истакна дека Џеб се обидува да го прикрие својот поголем брат и да  ја скрие вистинската слика на настаните.

Според зборовите на Клинтон, во своето време Буш помладиот има склучено договор со властите во Ирак за повлекувањето на американските војници до крајот на 2011 година, што, според неа, ја „засили”исламската држава” во регионот.

Претходно Џеб Буш го обвини Барак Обама за дестабилизација на ситуацијата во Ирак, потсетувајќи дека Клинтон во тоа време ја зазема функцијата државен секретар на САД . При тоа одлуката за повлекувањето на американските војници од земјата Буш го опиша како “фатална грешка”.