Хименез: Атлетико ја заслужи победата

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Хозе Хименез, смета дека ремито 1-1 против Манчестер Јунајтед во првиот 1/8-финален дуел од Лигата на шампионите е неправедно за неговиот тим.

„Црвено-белите“ водеа со 1-0 до 80. минута, кога резервистот Ентони Еланга израмни.

„Тоа може да се случи. Ја заслуживме победата и направивме многу за неа. Го дадовме тонот на играта во сите фази, добро се браневме, организиравме напади, создававме ситуации, двапати ја погодивме гредата. Но, кога ви недостасува ефикасност… Манчестер Јунајтед е многу добар тим, не фатија во контранапад откако ја загубивме топката. Примивме случајно гол и целосно ја заслуживме победата“, прокоментира Хименез.

Слични содржини