343
Невиден лапсус се случи денеска на прес-конференцијата на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, откако накратко беше пуштена химната на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако од тимот на Арсовска одлучија да ја почнат прес-конференцијата со државната химна, на неколку секунди се слушна химната на најголемата опозициска партија во државата.
Засега не се знае дали некој со намера ја згрешил химната.
Градоначалничката на денешната прес-конференција даде отчет за сработеното во нејзините 82 дена откако ја презеде функцијата.