Експертскиот хирург Дејвид Вокер поднесе тужба против “Аустриан ерлајнс” поради предизвикана повреда на малото прстче по што следела тешка депресија, пишува “Дејли мејл”.
Според документите тој го заглавил за неколку секунди малиот прст на масичката во авионот и дури ќе полудел од “ужасната болка и осознавањето на повредата”.
Д-р Вокер го обвинува авиопревозникот дека поради инцидентот тој бил осакатен за постојано и тоа го натерало не само да изгуби голем дел од своите приходи, но и да западне во депресија. Тужителот тврди дека вината за тоа што се случило е на авиокомпанијата, бидејќи за време на летот меѓу Брисбон и Виена стјуардите му ја спуштиле масичката за вечерата, но не ја вратиле назад и било потребно тој сам да се справи со оваа задача.
Не е јасно колкав точно надомест ќе побара чувствителниот хирург, но портпаролот на “Австриските авиокомпании” рече дека никаде во регулативата не постои правило, обврзувачко за стјуардите да се грижат за масата на патниците од бизнис класата.