Навистина не треба несериозно да ги сфаќаме изгорениците од сонце.
Ако ги прашате дерматолозите дали има безбедно време за сончање, сите ќе ви кажат дека нема и дека треба постојано да носите заштитен фактор за да избегнете изгореници.
Секое потемнување на кожата претставува нејзин обид да се одбрани, а секое поцрвенување на кожата ја зголемува можноста за добивање на меланом подоцна во животот.
Најопасно е ако изгориме во адолесцентниот период, а сончевите зраци се особено штетни за нежната детска кожа, што може да има многу штетно дејство.
@draganstojicevic Šta se radi u ovim slučajevima? Kada izgorite na suncu
Ако се случи да изгориме од сонце, д-р Драган Стојиќевиќ, хирург, на својот профил на TikTok објасни што никогаш не треба да правиме со кожата кога црвенилото ќе исчезне и кожата почнува да се одвојува.
„Во никој случај не ја отстранувајте оваа кожа. Ако ја отстраните оваа кожа, може да дојде до инфекција, лузни или хипо или хиперпигментација“, вели д-р Стојиќевиќ.
„Она што се прави во овие случаи е да се третира оваа кожа како изгореница, со маст што се користи за лекување на изгореници“, советува хирургот и вели дека ако вишокот кожа почне да се одвојува, може да се исече со стерилни ножици.
„Најлошиот дел од сè и целата оваа приказна е дека ако дојде до изгореница со вакво раздвојување на кожата, што е изгореница од втор степен, животните шанси за добивање рак на кожата се зголемуваат неколку пати“, заклучил докторот во својата објава.