Сè уште многу малку се знае за здравјето на Михаел Шумахер, а информации протекуваат овде-онде.
Сопругата на Шумахер, Корина, направи се што може за да се погрижи во текот на 11-те години колку што седумкратниот светски шампион е во, повеќе или помалку, вегетативна состојба, во јавноста практично да нема информации за неговата состојба.
Од неговата страшна несреќа на скијање во 2004 година, Шумахер живее во тесен круг на семејство и лекари, а сите што го посетија му ветија дека нема да кажат ништо за него. Но, одвреме-навреме нешто излегува на виделина, а сега за неговата состојба проговори и хирургот од Болоња, Никола Акари, кој го лекувал.
„Морате да замислите личност која е многу различна од онаа што ја паметиме од патеката, со изменета структура на телото. Физички се промени многу, повеќе не е истиот човек. Не би го препознале“, рече Ацари.
Еден од ретките кој сподели повеќе детали за Германецот е поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод. Тој имаше многу блиски односи со Шумахер, а во 2019 година беше првиот што кажа повеќе за него.
„Го видов, се бори. Заедно ги гледаме трките. Но, се разбира, ми недостига стариот Михаел. Тој едноставно веќе не е истиот човек. Луѓето би биле шокирани кога ќе го видат. Тој е различен, но прекрасно опкружен со љубовта на неговото семејство. Неговиот живот е сосема поинаков сега“, рече Тод.