Пластичен хирург од Калифорнија присуствувал на сослушувањето преку Зум поради сообраќаен прекршок од операционата сала додека пациентот го чекал на масата. Здружението на медицински професионалци во Калифорнија започна истрага откако на социјалните мрежи се појави видео од доктор Скот Грин како се појавува пред судија за прекршоци од операционата сала.
„Може ли да присуствувате на судењето, се чини дека сте во операционата сала“, го запрашал судскиот службеник. „Можам, можам да присуствувам на судењето“, одговорил Грин додека позади него се гледаат лекари и слуша медицинска опрема.
Судијата го прекинал рочиштето, изјавувајќи дека се плаши за благосостојбата на пациентот и дека не му е пријатно со тоа што Грин сведочел среде операција, иако Грин рече дека присутен е уште еден лекар кој може да „влета“ место него, доколку е потребно.