Хисени: Ова е финализирање на преговорите меѓу Белград и Приштина

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

По завршувањето на експертските разговори во Брисел, приштинскиот координатор за дијалогот со Белград, Скендер Хисени, оценува дека ова е „екстремно политички процес и финализирање на преговорите меѓу Белград и Приштина“, пренесува „Нова.рс“.

„Ова е нов момент. Зборувам за заклучување на исклучително политички процес. Тука нема ништо техничко “, рече Хисени.

Скендер Хисени им рече на албанските новинари собрани пред зградата на Европската служба за надворешни работи, каде што се состанаа експертските тимови на Белград и Приштина, дека еден ден кога ќе се договорат сите елементи на сеопфатниот договор, „ќе биде јасно дека тоа се елементи на договорот на којшто се потпира сè друго“.

„Затоа, не можеме да го одложиме процесот, дискутирајќи за посебни теми кои може или не можат да бидат имплементирани и кои зависат од добрата волја на која било страна. Зборуваме за меѓународно правно обврзувачки договор што ќе ги обврзува обете страни да го спроведат “, заклучи Хисени.