Aпликацијата која е апсолутен хит во Турција, популарна е во Грција, а многу скоро ќе се рашири сигурно и во сите останати балкански земји можете едноставно да ја преземете ако напишете во пребарувачот “Kaave“. Што ќе добиете? Повеќе никогаш нема да морате да молите да ви гледаат на кафе бидејќи ќе имате ваш сопствен мобилен претскажувач на иднината.
Старата навика на превртување на шолјата испиено турско кафе, очигледно и не е толку застарена!
Па така, оваа апликација ви овозможува да се регистирате, креирате корисник, си одберете еден од трите “гатачи“ и уживате во забавата.
Апликацијата, односно “гледањето на кафе“ функционира на едноставен начин: откако ќе го испиете кафето и ја превртите шолјата, ја фотографирате внатрешноста од страната од која пиете, потоа спротивната и на крајот: тацната!

Потоа апликацијата ги обработува фотографиите, или ако повеќе љубите, претскажувачите ја „читаат содржината“ и по некое време добивате нотификација за тоа што има во шолјата.
Апликацијата може да ја користи еден корисник, значи доколку планирате да ја испробате во друштво, треба секој да си ја инсталира претходно.
Достапна е за Андроид и Иос, на англиски, турски и грчки јазик.



