574
Во местото Кадино Врело во БиХ дошло до пукање на една корона-забава.
Според порталот Кликс.ба, еден од присутните на забавата бил славеник, а се славел неговиот 18-ти роденден.
На видеото кое веќе е хит на социјалните мрежи, можете да видите забава, музика во живо се додека во еден момент во просторијата не влегува млад човек во црна облека и вика – „исклучете ја музиката“. Во рацете има и митралез, а веднаш по влегувањето во просторијата започнува да пука. Тука завршува снимањето.
Случајот бил пријавен во полиција, а Министерството за внатрешни работи на Република Српска потврдило дека мажот е уапсен. За среќа нема повредени.